ФФМ меѓу првите првите 15 федерации со УЕФА фитнес А диплома курс | ФФМ

Македонија
стана една од првите 15 членки на УЕФА што го имплементираа новиот УЕФА Фитнес
А Диплома курс, наменет за високо едуцирани кондициски тренери. Првата
генерација броеше 21 учесник, најголем дел од нив со веќе стекнати УЕФА лиценци
(C, B, A или Pro).

Во
текот на 15 дена, курсот се одвиваше во три едукативни блока со вкупно 140 часа
предавања и 191 час интерактивна настава, поддржани од 33 домашни и странски
едукатори.

Сето
тоа беше под супервизија на УЕФА експертите Лука Милановиќ, Хелсен Вернер,
Карло Кастања и Крис Барнс.

Преку
оваа програма, Едукативниот центар при ФФМ постави нови стандарди за стручно
усовршување во кондициската подготовка, со целосен фокус на практична примена и
развој на македонскиот фудбал.

– Особено
значајно на оваа диплома – курс е што УЕФА бара учесниците да имаат високо
образование во областа на спортот и физичкото образование за да бидат дел од
него, што го позиционира курсот на високо професионално ниво. 

УЕФА уште пред десет години започна со планирање на едукацијата за фитнес
фудбалски тренери и тој процес траеше долго и беше многу темелен. Сега сме во
фаза кога навистина ги едуцираме кондициските тренери и оваа едукација е многу важна, бидејќи во иднина
лиценцата ќе биде задолжителна за учество на кондициските тренери во
натпреварувањата на УЕФА,
истакна Владимир Вуксановиќ, кондициски тренер во македонската А репрезентација.