ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА (https://ffm.mk)
Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.
Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта).
Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: „за време на сесијата“ и „трајни (упорни)“. Колачињата за време на сесијата се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност. Трајните колачиња остануваат на Вашиот компјутер до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.
Според доменот на кој припаѓаат колачињата се поделени на 1) колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува, односно ФФМ и 2) колачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен освен оној што го посетил корисникот.
Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува ФФМ според намената (целта) може да прочитате во делот „Колачиња што ги поставуваме“.
Што прават колачињата?
Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница. Меѓутоа, веб страниците исто така користат колачиња кои служат за рекламирање согласно вашите интереси врз основа на избраните преференции или содржината на страниците што сте ги посетиле. Од овие причини, некои веб корисници ги бришат или одбиваат одредени типови на колачиња, односно колачиња од одредени страници.
Дали можам да ги избришам колачињата?
Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел. Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.
Може ли да го поставам пребарувачот да ги блокира колачињата?
Да, повеќето пребарувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве неколку од најчестите:
Да го оневозможите следењето од Google Analytics на сите веб страници, посетете ја https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.
Како ги користиме колачињата?
Ние ги користиме колачињата на различни начини со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата страница, деталите се наведени подолу.
Колачиња што ги поставуваме
| Неопходни | Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно. |
| Преференцијални | Преференцијални колачиња овозможуваат веб страница да запомни информации што го менуваат начинот на однесување или изгледот на веб страницата, како на пример префериран јазик или регионот во кој се наоѓате. |
| Статистички | Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците. |
| Marketing | Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни. |
Kолачињата што ќе ги сретнете при пребарување на веб страницата на ФФМ се сметаат за колачиња на „трети страни“. Ова значи дека веб страницата ФФМ користи функции обезбедени од надворешни провајдери, како што е Facebook, коj ги поставува колачињата. Колачињата од трети страни сами по себе не се поразлични од колачињата поставени од ФФМ. Единственото нешто што треба да се има предвид е дека надворешниот провајдер, а не ФФМ, одредува кој тип на податоци се зачувуваат и како се користат.
Најчестиот вид колачиња што се користи на веб страницата на ФФМ се поставени од YouTube, a обезбедуваат статистички податоци за трендовите на користење и ни помагаат во донесувањето на одлуки за тоа кои видови на содржини се најпопуларни.
Колачиња кои се користат од страна на ФФМ
Неопходни колачиња
| Назив на колачето | Кој го поставува | Опис и цел | Период на траење |
| ci_session | ffm.mk | Складира единствен идентификатор по случаен избор со цел идентификување на корисникот како посетител или логиран корисник. | 4 дена |
| CONSENT | youtube.com | Детектира дали посетителот има прифатено некоја од маркетинг категориите. | 2 години |
Статистички колачиња од трети страни
| Назив на колачето | Кој го поставува | Опис и цел | Период на траење |
| _ga | google-analytics.com/ga.js | Регистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата. | 2 години |
| _gat | google-analytics.com/ga.js | Ја забавува брзината на барања упатени до серверот. | 1 ден |
| _gid | google-analytics.com/analytics.js | Регистрира единствен идентификатор кој го користи за генерирање на статистички податоци за тоа на кој начин посетителот ја користи веб страницата. | 1 ден |
Маркетинг колачиња од трети страни
| Назив на колачето | Кој го поставува | Опис и цел | Период на траење |
| DEVICE_INFO | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Ја следи интеракцијата на посетителот со содржините поврзани со веб страницата. | 180 дена |
| i/jot/embeds | Вградена скрипта | Утврдува единствен идентификатор на посетителот кој им овозможува на огласувачите да го таргетираат за директен маркетинг. | За времетраење на сесијата |
| LAST_RESULT_ENTRY_KEY | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Некласифицирано | За времетраење на сесијата |
| LogsDatabaseV2:Ve3c1bcee||#LogsRequestsStore | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Некласифицирано | Трајно |
| Nextld | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Некласифицирано | За времетраење на сесијата |
| remote_sid | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Потребно за имплементација и функционалност на видео содржините од YouTube поврзани со веб страницата. | За времетраење на сесијата |
| Requests | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Некласифицирано | За времетраење на сесијата |
| TESTCOOKIESENABLED | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Некласифицирано | 1 ден |
| VISITOR_INFO1_LIVE | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Го проценува количеството на пренесени информации помеѓу посетителите на веб страницата и страниците кои содржат интегрирани видео содржини од YouTube. | 180 дена |
| YSC | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Регистрира единствен идентификатор за да зачувува статистика за тоа кои видеа он YouTube ги гледал посетителот. | За времетраење на сесијата |
| yt.innertube::nextId | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Регистрира единствен идентификатор за да зачувува статистика за тоа кои видеа он YouTube ги гледал посетителот. | Трајно |
| YtIdbMeta#databases | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Некласифицирано | Трајно |
| yt-remote-cast-available | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Ги зачувува преференцита на посетителот за видео плеерот со кој му се прикажуваат интегрираните содржини од YouTube. | За времетраење на сесијата |
| yt-remote-cast-installed | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Ги зачувува преференцита на посетителот за видео плеерот со кој му се прикажуваат интегрираните содржини од YouTube. | За времетраење на сесијата |
| yt-remote-connected-devices | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Ги зачувува преференцита на посетителот за видео плеерот со кој му се прикажуваат интегрираните содржини од YouTube. | Трајно |
| yt-remote-device-id | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Ги зачувува преференцита на посетителот за видео плеерот со кој му се прикажуваат интегрираните содржини од YouTube. | Трајно |
| yt-remote-fast-check-period | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Ги зачувува преференцита на посетителот за видео плеерот со кој му се прикажуваат интегрираните содржини од YouTube. | За времетраење на сесијата |
| yt-remote-session-app | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Ги зачувува преференцита на посетителот за видео плеерот со кој му се прикажуваат интегрираните содржини од YouTube. | За времетраење на сесијата |
| yt-remote-session-name | youtube.com/embed/kKIkcPW78VM?autoplay=0 | Ги зачувува преференцита на посетителот за видео плеерот со кој му се прикажуваат интегрираните содржини од YouTube. | За времетраење на сесијата |