Во Втора македонска фудбалска лига беа одиграни натпреварите од 5. коло.
Екипата на Скопје ја декласира Победа со убедливи 8:1. На оваа средба, Виктор Ангелов постигна четири погодоци, а по еден дадоа Горјан Цветков, Армир Иса, Стефан Лазаревиќ и Алекс Константино Горгиовски.
Брегалница славеше на гостувањето во Каменица против Каменица Саса со 3:1. За „сините“ од Штип погодија Ристе Темелков, Дамјан Масевски и Стефан Коцев, додека единствениот погодок за домаќините го постигна Кристијан Таневски.
Возбудливо беше и во Виница, каде Слога беше поразена од Беласица со 1:2. Спиркоски и Капсаров беа стрелци за Беласица во првото полувреме, Спасов даде гол за домаќините во вториот дел.
Без голови заврши натпреварот меѓу Охрид и Кожуф, додека Вардар Неготино се врати со победа од гостувањето кај Преспа. За гостите погодија Насаф Шабанов и Ѓорѓи Шишков, а единствениот погодок за домаќините беше дело на Дејан Груевски.
Резултати – 5. коло Втора МФЛ:
Слога Виница – Беласица 1:2
Новаци – Тетекс 1:0
Каменица Саса – Брегалница 1:3
Охрид – Кожуф 0:0
Скопје – Победа 8:1
Големо Коњари – Осогово 0:2
Детонит Плачковица – Шкендија Арачиново 0:0
Преспа – Вардар Неготино 1:2





