Денеска се одиграа четири натпревар од шеснаестина финалето во Купот на Македонија. Според очекувањата фаворитите забележаа убедливи победи и ја продолжуваат трката за трофејот.

Пелистер го совлада Студеничани со 6:1. Битолчани поведоа преку Марко Стоилевски во 11. минута. Три минути подоцна Петар Љамчевски зголеми на 2:0, а во 18-тата, Алек Сиваков беше стрелец на третиот погодок за гостите. Во 30. минута Фуркан Ќани намали на 3:1, а веќе во 34-тата Кире Стојанов му носи предност на Пелистер од 4:1. Во продолжението од натпреварот тимот од Битола постигна уште два гола. Во 84. минута Мартин Талевски и Јаков Пресилски во 86-тата се запишаа меѓу стрелците за конечни 6:1.

Струга Трим Лум триумфираше над Победа Валандово со 10:1. Серијата голови ја отвори Флоријан Рочи уште во втората минута. Шеесетина секунди подоцна Алтин Алији зголеми на 2:0, а во 12-тата Рочи по втор пат се запиша меѓу стрелците. Истиот играч во 25. минута зголеми на 4:0, во 32. Даниел Кехинде донесе предност од 5:0. Шестиот гол беше дело на Алији во 41. минута од натпреварот, а во последната минута од првото полувреме Рочи по четврти пат ја погоди мрежата на противникот за водство од 7:0.
Во 57-та Арби Воша и донесе водство на Струга ТЛ од 8:0, а две минути подоцна Елдан Шата го постигна единствениот гол за Победа. До крајот на натпреварот Стружани беа прецизни уште два пати, а стрелци се Агон Демири во 65. и Кехинде во 79. минута.

АП Брера на гостувањето во Неготино го совлада Венец од Долни Дисан со 8:0. Четири пати во листата на стрелците се запиша Матеј Сејменов и тоа 13., 22., 47. и 63. минута. Игор Ристов беше прецизен во 20-тата, а 12 минути подоцна погодок постигна Марио Митрев. Во самата завршница од натпреварот во 86 и 87 минута противничкиот голман го совлада Глигор Бучков.

Најубедлива на стартот од Купот беше Македонија ЃП која во мечот против Влазними Јуниор забележа победа од 14:0. Првиот погодок беше дело на Омер Сулејмани во 22. минута. На 2:0 зголеми Алекс Горгиовски со голот во 32 минута.
Двојни стрелци на овој натпревар беа Михаил Митревски (34, 60), Марко Младеновиќ (70, 84) и Кристијан Ѓорѓиевски (77, 78). Хет трик забележа Трајче Талевски (55, 55, 89), а по еднаш прецизни беа Кристијан Таневски (38), Бесмир Исмани (44) и Марко Блажески (79)





