Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека е донесена одлука за раскинување на договорот со Љупчо Трајковски, кој во моментот ја извршува функцијата спортски директор на ФК Тиквеш, а воедно беше ангажиран како тренер во Спортската академија на ФФМ за генерација 2011 и асистент на селекторот Горан Станковски во репрезентацијата до 15 години.
ФФМ изразува благодарност до Љупчо Трајковски за неговиот ангажман и придонес во работата со младите фудбалери, посакувајќи му успех во понатамошната кариера.





