Денеска на Градскиот стадион во Радовиш се одржа третиот настан од женската фудбалска кампања поддржана од ФИФА.
Повеќе од 50 девојчиња од основните училишта Никола Карев, Крсте Петков Мисирков од Радовиш, Орце Николов од с. Ињево, Кочо Рацин од с. Подареш и Кирил и Методиј од с. Раовица за прв пат се запознаа со убавините на фудбалската игра низ забавни игри на главниот терен на стадионот во Радовиш и станаа дел од големото фудбалско семејство.

Општина Радовиш се покажа како одличен домаќин преку поддршката во организација на настанот и докажа дека навистина е општина која несебично инвестира во развојот на спортот за најмладите.

Настанот го отворија одговорниот за спорт на општина Радовиш и член на Управниот одбор на ФФМ – Станко Манчевски заедно со амбасадорката на кампањата, македонската фудбалска репрезентативка Меланија Грозданова.





