Фудбалерите со бод против Тунис ги отворија Медитеранските игри

Во првиот настап на Медитеранските игри што се одржуваат во Таранто, фудбалската репрезентација до 20 години играше нерешено 0:0 во дуелот против селекцијата на Тунис.

Македонските надежи одиграа квалитетен натпревар против селекцијата на Тунис и на моменти имаа свои можности да стигнат до погодок.

Избраниците на селекторот Александар Таневски во текот на девесетте минути имаа осум удари кон голот на противникот од кои два беа одеа директно кон голманот Рајен Бесбес.

Првиот го упати Никола Манојлов од слободен удар уште во петтата минута, а на почетокот од второто полувреме имаше обид на Салим Арифи.

Во првиот натпревар од нашата група Мароко и Тунис исто така освоија по бод откако на крајот двата тима постигнаа по два погодоци.

В понеделник репрезентацијата на Македонија се среќава со Турција, а почетокот е закажан за 21 часот.

 

МАКЕДОНИЈА – ТУНИС 0:0
Стадион:Џовани Паоло II
Судија: Хишам Темсамани (Мароко)
Помошници: Даниеле Милоне, Самуел Фронтеду (Италија)

МАКЕДОНИЈА: Стефан Јованоски, Златко Радески, Андреј Велков, Адис Мурати, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Давид Матески (Андреј Стојановски 71) , Харун Незировски (Дарјан Тасев 56), Салим Арифи, Никола Манојлов (Виктор Делов 71), Марко Николовски (Давид Голубов 86).

ТУНИС: Рајан Бесбес, Алаедин Дербали, Јусеф Херш, Рајан Букадида, Мохамед Амин Алала, Хаитем Дау (Мохамед Рајен Рими 78), Зинедин Када (Фарес Бусина 61), Хамза Лабиди, Валид Дуиб, Амен Алах Хмиди (Мохамед Јасим Шабани 61), Мохамед Рајен Анене (Слим Хадрауи 86)