Фудбалот на прво место. Со фер и коректно навивање да ја поддржиме Шкендија против Карабах | ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ посакува успех на ФК Шкендија на вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Карабах.

Веруваме во тимот и се надеваме дека и понатаму ќе нè радува со настапите во европските купови. Во пресрет на вечерашниот  натпревар, апелираме до сите навивачи и љубители на фудбалот да навиваат спортски.

Упатуваме повик до сите присутни да не подлегнуваат на провокации и да одбегнуваат навреди по било каква основа. Само со фер-плеј, достоинствено однесување и заедништво, чекор по чекор, да докажеме дека македонскиот фудбал може да напредува, на теренот и надвор од него.

Фудбалот обединува.

Не смееме да дозволиме провокациите и навредите да бидат пред фудбалот, спортските и човечките вредности. Да покажеме дека знаеме да навиваме со страст, но и со почит. Фудбалот на прво место!