Брегалница денеска го пречекува Вардар во 10.коло од ПМФЛ. Фудбалски празник на фудбалот во Штип со оглед дека “црвено-црните” се секогаш мотив за секоја екипа.
Од Брегалница очекуваат полни трибини, добра атмосфера и на крајот радост на домашните.
“Вардар сам по себе е мотив за секого, а особено што доаѓа и како актуелен првак. Подготвени сме да дадеме максимум. Играме дома, пред наша публика и секој ќе даде се од себе за победа. Мотовирани сме да пружиме добра игра која се надевам ќе биде доволна за победа. Сакаме да ги израдуваме фановите со добар резултат против Вардар. Респект за противникот, но и ние имаме квалитетна екипа која денеска ќе се бори да дојде до успех”, вели Благој Хаџи-Кимов, дефанзивецот на штипските “сини”.
Дуелот Брегалница-Вардар се игра денеска во 14:00 часот на Градскиот стадион во Штип.





