ИН МЕМОРИАМ: Почина Николче Здравески | ФФМ

Доцна синоќа македонскиот фудбал и
прилепска Победа загубија големо име.

Во својата 54-та година од животот
прерано почина легендарниот фудбалер и тренер на Победа, Николче Здравески.

Николче Здравески речиси
цела своја кариера ја мина во Победа, а играше и за Вардар и
за Пелистер. Со Вардар во 1998 година го освои Купот на Македонија и постигна еден од двата гола во победата во финалето против Слога Југомагнат.

Со својот матичен клуб стана
шампион и како играч и како тренер, а во 2007 година беше прогласен и за тренер
на годината во изборот на Фудбалската федерација на Македонија.

Со Победа го освои Купот на
Македонија во 2002. година, а
има титула шампион на Македонија.Во дресот на
македонската репрезентација настапи на пријателските натпревари против Албанија и Азербејџан. 

По својата кариера работеше и како
координатор на младинската школа на Победа, а последните години од животот ги
мина со најмладите. Здравески работеше како тренер во неговата приватна школа
Еврогол од Прилеп, а беше дел од
тренерскиот кадар во Академијата на ФФМ во Прилеп.