Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар
Омерагиќ, во текот на вчерашниот ден оствари средба со раководствата на ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум,
клубовите кои ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија.
Финалниот натпревар е закажан за 21. мај на Националната арена
„Тодор Проески“ во Скопје.
Целта на средбата беше координација околу подготовките и
организацијата на настанот, кој треба да биде вистински празник на фудбалот.
Во духот на фер-плејот и меѓусебното почитување беше истакната
заедничката заложба – финалето да помине во најдобар ред и да победи подобриот
тим.
На состанокот присуствуваа и претставници на Судискиот одбор, со
цел унапредување на транспарентноста и довербата во судиските одлуки. Како дел од заложбите во таа насока, на финалниот натпревар ќе
биде во функција ВАР технологија за носење судиски одлуки во спорни
ситуации.
Овој чекор и имплементирањето на ВАР технологија на финалето од
Купот на Македонија е резултат на иницијативата на претседателот Омерагиќ и
соработката со фудбалските федерации од регионот, со цел унапредување на
судиските стандарди и зголемување на довербата.
Финалето од Купот на Македонија ќе биде емитувано во живо преку
телевизиски пренос.
Фудбалската федерација на Македонија ќе преземе сè што е потребно
натпреварот да биде организиран на највисоко ниво, во интерес на клубовите,
навивачите и македонскиот фудбал.





