Историски пласман на Шкендија во елиминациската фаза од КЛ

Во последниот натпревар од главната рунда во Конференциската лига, Шкендија на гостувањето во Ларнака е поразена од АЕК со 1:0, но нашиот првак на крајот успеа да обезбеди пласман во елиминациската фаза и да го забележи најголемиот успех во историјата на македонскиот клупски фудбал.

Тетовци добро го отворија натпреварот и уште на почетокот имаат можност за погодок, но Роналдо Вебстер не успеа да ги совлада противничкиот голман.

Во продолжението инцијативата беше на страна на АЕК, кој во финишот на првиот дел постигна погодок, но беше поништен поради недозволена позиција на стрелецот Ѓорѓе Ивановиќ.

На почетокот од второто полувреме по само осум минути игра поради преостар старт црвен картон заработи Лиридон Љатифи и до крајот на мечот составот на Јетон Беќири мораше да игра со фудбалер помалку на теренот.

И покрај овој податок Шкендија не се откажа од офанзивната игра, но на седум минути пред крајот по уфрлувањето од корнер Полјакот, Карол Ангиелски ги постигна победничкиот погодок за АЕК Ларнака.

И покрај поразот, Шкендија на крајот успеа да се најде меѓу екипите кои ги продолжуваат настапот во третото по ранг клупско натпреварување во Европа, а противникот ќе биде познат по жрепката што ќе се одржи на 16 јануари, а можни противници се шампионот на Полска, Лех и турскиот претставник Самсун.

Македонскиот првак натпреварите од првото елиминациско коло ќе ги одигра на 19 и 28 февруари.