Кадетскиот пехар во Купот на Македонија за тимот од Шкупи | ФФМ

Кадети на ФК Шкупи 1927 се освојувачи на Купот на Македонија. На тренинг
центарот „Петар Милошевски” успеаа да издвојуваат победа над ФК А.П. Брера  со 2-1.

Натреварот беше крајно интресен и возбудлив. Јунак на средбата е Тодор
Ангелов, кој постигна два погодоци во 46. и 48. минута. Единствениот погодок
за поразената екипа е дело на Иван Шириќ во 55. минута.

Пехарот на победничката екипа од скопската населба Чаир, како и медалите на
сите учесници на финалето им ги предаде, Илија Најдовски.

ФК АП Брера Струмица – ФК Шкупи 1927 1:2

ФК АП Брера Струмица: Методи Давчев, Иван Василев, Петар Буровски, Никола Палифовски,
ЛУка Георгиевски, Шрик, Баркај Јакуп, Ѓорги Танчев, Адријан Трајков и Филип
Тренов. Резерви: Матеј Димков, Стефан Темелков, Христијан Марковски, Филип
Кулески, Стојанчо Николов, Христијан Муканов, Виктор Манчовски, Стефан
Војчевски и Антонио Сталевски.

ФК Шкупи 1927: Сефир Муслиу, Омер Хасани, Тодор Ангелов, Фисник
Љамалари, Венис Енуз, Судиес Чајани, Ејдин Рамадани, Анди Иснали, Антон Мехмед,
Нејази Нухиу и Јане Цветков. Резерви: Мухамед Шалев, Бјертан Керими, Јахија Идриз,
Бехар Ибраими, Кадри Брути, Бленди Исмалил. Ендрит Рустеми, Тарик Карими,
Шкељким Фарети и Арда Нурадин.