Промена на место на одигрување на бараж натпревар за Прва МФЛ 2024/25 | ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека, согласно
денешното известување и барање од страна на Министерството за внатрешни работи, како и по итниот состанок кој се одржа меѓу претставници на ФФМ и МВР, донесена е одлука за промена на локацијата на
бараж натпреварот за пласман во Прва МФЛ.

Натпреварот ФК Беса 1976 – ФК Башкими 1947 ќе се одигра на 25. мај (недела) со почеток во 17:00 часот на Градскиот стадион во Кавадарци.

Оваа одлука е донесена со цел натпреварот да се организира во услови, во согласност со проценките на безбедносните органи.

ФФМ изразува благодарност за соработката со Министерството за
внатрешни работи и ги повикува сите навивачи на фер и спортско навивање.