По две години, Брегалница се врати во прволигашката конкуренција, но на стартот од новата сезона Штипјани на гостувањето против шампионот Вардар забележаа пораз од 2:0
“Направивме многу грешки во текот на натпреварот и Вардар како голем тим тоа знаеше да го искористи. Ние сѐ уште не сме комплетирани, ќе се обидеме да работиме напорно во наредните две седмици и се надевам дека ќе бележиме успеси веќе од следниот натпревар”, изјави капитенот на Брегалница, Стефан Коцев.

На спротивната страна бранителот на трофејот со комбиниран состав успеа да стигне до посакуваните три бода и победнички да тргне во одбрана на титулата.
“Ова е многу важен триумф за нас, на почетокот на новата сезона, но и во пресрет на реванш натпреварот против Рига во квалификациите за Конференциската лига. Тренерот направи неколку замени, тимот доби на свежина и мислам дека тоа се почувствува и успеавме да ја надиграме Брегалница. Сега се фокусираме на европскиот предизвик, ќе сториме сѐ да победиме и на тој меч”, истакна играчот на Вардар, Димитар Тодоровски.





