Компјутерски трансфер: од ФФМ до школските клупи

Во духот на општествената одговорност и одржливиот развој, Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) помогна кон подобрување на техничката опременост во основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци преку донација на компјутери кои досега беа користени од ФФМ.

Оваа иницијатива е дел од нашата заложба за почитување на 4R принципот на УЕФА за циркуларна економија – Reduce, Reuse, Recycle, Recover, со што даваме нов живот на техничката опрема и истовремено придонесуваме за едукација и дигитална инклузија на младите генерации.

Цел на оваа иницијатива е заштита на животната средина преку реупотреба на функционални компјутери кои повеќе не се користат во нашите канцеларии, подобрување на условите за учење и дигитална писменост кај учениците во основното училиште и намалување на електронскиот отпад со поддршка на еколошки одржливи практики.

Веруваме дека секој чекор за заштита на животната средина има големо значење. Да бидеме тим и надвор од теренот. Да играме за иднината!