Башкими и Вардар одиграа вистински првенствен натпревар во Куманово, но без голови и без многу шанси.
Првите минути поминаа во тактичко надмудрување на двете екипи, со целосен фокус на средината од теренот. Се чекаше до 16. минута за да се видат првите возбудувања на стадионот во Куманово, Бабунски асистираше, а Мато слабо шутираше од 16 метри.
На спротивната страна, Ајдоган се обиде од 20-на метри, но неговиот удар заврши покрај голот на Талевски. Вардар имаше две можности, во 30. и 32. минута, кога Омерагиќ прво шутираше од 15-на метри, а потоа и со глава, но во двата случаи топката заврши над голот на Јашар.
Во 40. минута, Башкими ја имаше најзрелата шанса да го промени резултатот. Домашната екипа изведе класичен контранапад, во кој Хаџиќ му асистираше на Симоновски, но напаѓачот на Башкими не успеа да го совлада голманот Талевски.

На почетокот на второто полувреме следуваше неколкуминутен прекин. Во 54. минута амбулантно возило беше паркирано покрај трибината на стадионот за да се укаже помош на лице кое падна од трибината на теренот. По неколку минути и по укажаната помош, играта продолжи.
Нов прекин имаше и во 72. минута по дуелот меѓу Омерагиќ и Личина, но двајцата продолжија да играат.
Во 85. минута, Талевски продре од десната страна и од тешка позиција упати силен удар, но голманот Јашар беше на висина на задачата и ја исфрли топката во корнер.
Во самиот финиш на натпреварот, Башкими се закани преку Аскер, кој центрираше во шеснаесетникот на Вардар. Голманот Талевски реагираше несигурно, но ниту еден играч на домашните не успеа да ја искористи ситуацијата.





