Македонија до 16: Три порази на развојниот турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години со три порази го заврши  меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржа во Босна и Херцеговина.

Нашите млади фудбалерки одиграа три натпревари, а за противници ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот, БиХ.

Во првото коло од развојниот турнир бевме поразени од домаќинот со 2:0.

Во второто коло загубивме со 4:0 oд Украина, а во последното коло од Словенија со 2:1.

Стрелец на единствениот погодог на овој меѓународен турнир беше Меланија Грозданова.