Македонија до 17 години: Втор пораз од Кипар

Репрезентацијата на Македонија до 17 години, претрпе нов пораз против Кипар во пријателски натпревар. Откако во вторникот беше 1:0 за противничката селекција, денеска Кипраните ја совладаа нашата селекција поубедливо со 3:0, на мечот одигран во Радовиш.

Кипар го отвори резултатот во 28. минута преку Христодулидес. Резултатот од 1:0 беше актуелен по првиот дел.
Во второто полувреме во 56. минута Герасиму зголеми на 2:0. Во судиското надополнување од натпреварот, Неофиту успеа да постигне и трет гол за Кипар, за конечен триумф на гостите од 0:3.

Македонија до 17 години – Кипар до 17 години 0:3 (0:1)

12. Даријан Денковски (46` 22. Ринор Цека), 2. Јаков Ангелов (46` 14. Алекса Јазаџиќ, 69` 18. Илија Паласкаров)), 3. Филип Цветковски, 4. Анес Бајрами (46` 15. Алек Чедомирски), 5. Марко Иванов (83` 24. Благоја Седлоски), 6. Грегоријан Михајловски, 7. Мартин Џангаровски (83` 23. Јован Гиевски), 8. Марко Мирчески (46` 16. Бленди Лачка), 9. Васко Папалиски (46` 20. Дарин Михајловски), 10. Андреј Цветковски (79` 17. Лука Јасмин Ѓорѓијев), 11. Лука Кнежевиќ (46` 21 Сеид Руфати); Селектор: Влатко Колев;