Вардар ја покажа својата супериорност во шестото коло од Првата лига, славејќи убедливо на гостувањето во Гостивар против Арсими со резултат 4:1. Скопјаните одиграа сигурно, организирано и ефикасно, а веќе по првите 45 минути ја осигураа победата со три погодоци.
Натпреварот започна бурно. Во 9. минута, по еденa високa топкa во шеснаесетникот на Арсими, настана конфузија меѓу домашната одбрана, Дардишта несмасно го погоди соиграчот Дрлевиќ, топката се врати пред голот, а најснаодлив беше Мато Рожер кој без проблем погоди за 0:1.
Само пет минути подоцна, Вардар повторно се закани. Диего упати силен удар, но капитенот на Арсими, Ислами, со одлична интервенција спречи нов гол.
Притисокот на гостите резултираше во 28. минута. По удар од далечина на Бабунски, топката заврши во корнер. По изведувањето, Матиќ највисоко скокна и со прецизен удар со глава зголеми на 0:2, покажувајќи ја надмоќта на црвено-црните.
Доминираше Вардар и во 35. минута, кога Диего испрати мајсторски пас, а Рожер Мато со ладнокрвна завршница го постигна својот втор гол на мечот и 0:3 за гостите.
И во вторто полувреме Вардаре тргна во офанзива Во 47. минута, по уште една грешка на домашната одбрана, Мато повторно беше на вистинското место, ја смести топката во мрежата и комплетираше хет-трик, носејќи огромни 0:4 за Вардар.
Вториот дел започна со шанса за Арсими да се врати во игра. Во 57. минута, Шикиру беше фаулиран од Најдовски, а по преглед на ВАР судијата досуди пенал и му покажа црвен картон на дефанзивецот на Вардар. Шефити ја презеде одговорноста, но шутираше крај дирекот и ја промаши најголемата можност за домаќините.
Сепак, во 72. минута Арсими сепак успеа да го намали резултатот. Рамадани изведе одличен слободен удар, топката допре еден играч од живиот ѕид и го измами голманот Талевски, завршувајќи зад неговиот грб за конечни 1:4.
До крајот на натпреварот Вардар рутински го контролираше темпото на игра и не дозволи изненадување, покажувајќи дека е во сериозна форма и со јасни амбиции за врвот на табелата.
За разлика од нив, Арсими одигра една од најслабите партии оваа сезона, без јасна идеја во нападот, со многу грешки во одбраната и со промашен пенал кој целосно ги скрши надежите.
Со овој триумф, скопјани уште еднаш потврдија дека се тим кој знае да ја казнува секоја слабост на противникот, додека Арсими ќе мора брзо да ја заборави оваа бледа претстава и да се насочи кон подобри игри во продолжението од првенството





