Македонија дел од Б1 групата во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во дебитантскиот настап во Б конкуренцијата од Лигата на нации.

Македонија е дел од групата Б1 во која партиципираат селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.

Во Б2 конкуренцијата ќе настапат Унгарија, Украина, Грузија и Северна Ирска додека Израел, Австрија, Република Ирска и Косово ќе се натпреваруваат во групата Б3.

И во последната четврта група ќе учествуваат Полска, Босна и Херцеговина, Романија, Шведска.

Според календарот на УЕФА, натпреварите ќе се играат во септември, октомври и ноември, но за разлика од претходните години првите четири кола ќе се одиграат во десетина дена.

 

ЛИГА НА НАЦИИ – Б КОНКУРЕНЦИЈА

ГРУПА Б1

Шкотска, Швајцарија, Словенија, МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Б2

Унгарија, Украина, Грузија, Северна Ирска

ГРУПА Б3

Израел, Австрија, Република Ирска, Косово

ГРУПА Б4

Полска, Босна и Херцеговина, Романија, Шведска