Младата репрезентација на Македонија до 15 години со победа го отвори настапот на престижниот турнир Torneo delle Nazioni во Италија, совладувајќи ја селекцијата на Молдавија со убедливи 3:0 (2:0).
Избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа сигурен натпревар и со три погодоци најавија успешен настап на турнирот.
Стрелци за Македонија беа Мубин Мустафа, Доротеј Христов и Гораст Ристовски.
Македонија до 15 години: Огнен Божиновски, Адел Мустафи, Ејман Емини, Давор Танески (к), Дин Рожајац, Калин Аврамоски, Драган Петков, Павел Димоски, Мубин Мустафа, Доротеј Христов, Јоан Ѓорѓиевски;
Јован Даноски, Амар Незири, Фисник Амити, Гораст Ристовски, Аријан Исаку, Јетмир Асани, Димитар Ламбро Анастасовски, Дијар Алиу, Васко Трајков, Андреја Блажев, Константин Тренов.
Македонија во групата ќе одигра уште два натпревари на 27 април против Велс и на 29 април се соочуваме со Шкотска.
Во зависност од пласманот во групата, селекцијата ќе разигрува за конечен пласман на 1 мај.





