Македонија до 20 година поразена од Русија, Ташовски двапати прецизен од пенал

Младата репрезентација на Македонија до 20 година загуби со 2-3 од Русија во контролниот натпревар одигран во Скопје. Ова беше прв натпревар за новиот селектор Александар Таневски, кој претходно ја предводеше селекцијата до 20 години.

Македонија подобро го отвори натпреварот и во воведниот период имаше неколку добри ситуации преку Мехмед, Масларов и Манојлов. Сепак, Русија прва стигна до водство.

Во 36. минута гостите добија пенал, а Окишор беше сигурен од белата точка за 0-1. До паузата резултатот не се промени.

Русија ја зголеми предноста во 57. минута, повторно по удар од пенал. Овојпат прецизен беше Бобер за 0-2.

Македонија продолжи да се бори и во 79. минута успеа да намали. Ташовски презеде одговорност и погоди од белата точка за 1-2.

Само две минути подоцна Русија повторно постигна гол. Ахмедов беше прецизен за 1-3 и повторно ја оддалечи Македонија од позитивен резултат.

Во финишот Македонија успеа уште еднаш да ја затресе мрежата. Ташовски повторно реализираше пенал во 90. минута и со својот втор гол ги постави конечните 2-3.

Натпреварот донесе интересна статистика, четири од петте погодоци беа постигнати од пенал.

Во македонскиот состав се истакна и голманот Вргов, кој со неколку одлични интервенции спречи Русија да стигне до поубедлив триумф.

За Македонија настапија: Вргов, Радески, Велков, Мурати, Атанасовски, Шаботиќ, Масларов, Хоџа, Манојлов, Џангаровски, Мехмед.

Играа уште: Митрев, Танчев, Димовски, Трпевски, Арифи, Ташев, Ташовски.