Македонија ќе ги добие противниците во Лигата на нации

Вечерва со почеток од 18 часот во Брисел со жрепка ќе бидат одредени групите за претстојното издание на Лигата на нации.

За прв пат во историјата Македонија е дел од Б конкуренцијата и во втората половина од 2026 година ќе одигра шест натпревари со исклучително квалитетни селекции од Стариот континент

Македонската репрезентација како дебитант е поставена во четвртиот сад заедно со селекциите на Шведска, Северна Ирска и Косово кои во овој сегмент од натпреварувањето влегоа како победници во Ц лигата.

За носители се поставени репрезентациите на Шкотска, Унгарија, Полска и Израел.

Во вториот сад се сместено Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина, а додека во третиот се наоѓаат националните тимови на Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.

Според календарот на УЕФА, натпреварите ќе се играат во септември, октомври и ноември, но за разлика од претходните години првите четири кола ќе се одиграат во десетина дена.

 

КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРИ

1 коло : 24-26 Септември 2026

2 коло : 27-29 Септември 2026

3 коло : 30 Септември- 3 Октомври 2026

4 коло :  4-6 Октомври 2026

5 коло :  12-14 Ноември 2026

6 коло :  15-17 Ноември 2026

Лига A четврт-финале: 25-30 Март 2027

Лига A/B и B/C плеј оф: 25-30 Март 2027

Завршен турнир : 9-13 Јуни 2027

Лига C/D плеј оф : 23-28 Март 2028