Македонија ЃП славеше во дуелот против Камјани во петтото коло од ВМФЛ

Во првиот натпревар од петтото коло во Втората фудбалска лига, Македонија ЃП го совлада Камјани со 1:0.

Домашниот тим до трите бода стигна со погодокот на Стефан Темелков во 70-тата минута од натпреварот. Со оваа победа избраниците на Боби Стојкоски ја прекинаа мини серијата од два порази и се приближија кон горниот дел од табелата.

Македонија ЃП и во следната рунда ќе игра пред своите навивачи, а на програмата е градското дерби со Работнички.

Работнички во ова коло одмора бидејќи е одложен дуелот со АП Брера, која побара натпреварот да се одигра во друг термин со оглед на фактот дека младиот тим на Струмичани го очекува настап во Лигата на шампионите против претставникот на Андора, Санта Колома, кој е на програмата в среда.

Останатите мечеви од петтото коло се играат утре. Шкупи е домаќин на Пелистер, Охрид Лихнидос го пречекува Еуромилк, Тетекс и гостува на Беласица, а Осогово се среќава со Кожуф. Во последниот дуел Новаци за противник го има Детонит Плачковица.

Почетокот на сите натпревари е закажан за 16 часот.