Македонија против Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево

Македонија против Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево

А репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина на 29 мај 2026 година.

Дуелот ќе се одигра во Сараево, на стадионот “Асим Ферхатовиќ Хасе”.

Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина обезбеди пласман на Светското првенство 2026, што му дава дополнителна тежина и квалитет на овој контролен натпревар во рамки на официјалниот ФИФА термин.