Македонија – Швајцарија: Инфо магазин пред натпреварот

Македонија и Швајцарија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го отвораат новиот циклус во Лигата на нации.

Во нашиот Инфо магазин за натпреварот Македонија – Швајцарија прочитајте ги најважните информации пред првиот свиреж, од најавата и очекувањата за дуелот, до изјавите и размислувањата на двајцата селектори.

Во магазинот можете да ги погледнете и профилите на фудбалерите, како и посебни размислувања поврзани со репрезентацијата и мечот со Швајцарија од Дарко Панчев, Дориан Бабунски и Елмин Растодер.

MKD-SUI – FFM Magazin