Во пресрет на денешниот првенствен натпревар меѓу Тиквеш и Арсими, фудбалерот на Арсими, Суби Мустафа, зборуваше за важноста на оваа средба, потенцирајќи дека неговиот тим патува во Кавадарци со јасна цел освојување на позитивен резултат.
Мустафа истакна дека екипата е свесна за тежината на натпреварот, но дека подготовките се одвивале на високо ниво и со голема концентрација. Според него, секој бод во оваа фаза од сезоната има голема вредност и може да биде клучен за остварување на главната цел на Арсими.
„Знаеме колку е важен овој натпревар за нас. Во Кавадарци одиме максимално подготвени и со голема верба дека можеме да освоиме бодови. Секој позитивен резултат нe доближува чекор поблиску до нашата главна цел оваа сезона,“ изјави Мустафа.
Во продолжение, фудбалерот на Арсими додаде дека тимот нема намера да се откаже и дека ќе се бори до самиот крај на првенството. Тој нагласи дека борбеноста, заедништвото и желбата за успех ќе бидат присутни на секој следен натпревар.
“Ќе се бориме за секоја топка и за секој бод до последното коло. Нема откажување, веруваме во себе и во тимот”, заклучи Мустафа.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кавадарци, со почеток во 16:00 часот





