Нов триумф на Шкендија, Тетовци на чекор до пласман во елиминациската фаза од КЛ

Шкендија забележа убедлива победа во Конференциската лига, совладувајќи го словачкиот Слован Братислава со 2-0.

Со овој триумф, македонскиот првак се искачи во зоната за плеј-оф и сега има реални шанси за пласман во елиминациската рунда од третото по ранг натпреварување на УЕФА.

Натпреварот започна во доминација на Шкендија, која постојано создаваше шанси пред голот на Слован. Првите два гола беа постигнати во првиот дел: во 33. минута, Бајриќ несреќно си постигна автогол, а потоа Роналдо Вебстер започна контранапад и несебично асистираше до Себастијан Спахиу за 2-0 пред паузата. Вториот дел беше тактички совршен за Шкендија, додека Слован буквално не успеа да создаде ниту една вистинска шанса, сите нивни обиди завршија надвор од рамките на голот на Гаје.

Шкендија одигра уште еден одличен натпревар и лигашката фаза пред домашната публика ја завршува без пораз, со две победи и едно реми.

Во последното коло, Тетовци патуваат на Кипар и дуел со АЕК Ларнака, натпреварот е на програмата на 18 декември со почеток од 21 часот.