Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три меѓусебни дуели во Купот на Македонија.
Амир Нухија го почитува тимот од Тетово, но истакнува дека главната цел на Шкендија од Арачиново е да извлече позитивен резултат.
„Нѐ очекува многу важен натпревар против Шкендија од Тетово. Го знаеме квалитетот на противникот и го почитуваме, но имаме голема верба во нашиот тим. Цела недела работевме максимално и сме подготвени за овој дуел. Играме во Чаир, пред нашите навивачи, и нашата цел е да оствариме позитивен резултат. Очекуваме пеколна атмосфера и голема поддршка од нашите фанови. Ќе дадеме сѐ од себе на теренот за да ги израдуваме. Веруваме во нашиот тим и очекуваме во недела да излеземе со бел образ“, изјави меѓу другото Нухија.
Натпреварот меѓу Шкендија од Арачиново и Шкендија од Тетово ќе се одигра на стадионот во Чаир во недела, со почеток во 13:00 часот.





