Во натпреварот од последното коло за оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Пелистер ќе се соочи со Башкими. Битолчани ќе ја бараат првата победа против овој противник, откако ги загубија двата претходни дуели сезонава. Дефанзивецот на гостите, Борјан Пановски, смета дека овој меч нема резултатски императив и дека шансата која ќе ја добијат играчите со помала минутажа е одлична најава за натпревар со многу погодоци.
„Ова е натпревар кој нема никакво посебно значење за нашата екипа. Се надеваме дека на оваа средба поголема минутажа ќе добијат помладите играчи, кои се иднината на клубот. За среќа, овој дуел не одлучува за ништо ниту за домаќинот Пелистер, па затоа се исполнети сите предуслови за ефикасен и отворен фудбал. По овој меч, сите заминуваме на заслужен одмор по оваа долга, тешка, но за нас исклучително успешна сезона“, изјави Борјан Пановски.
Во досегашните 10 пресметки, Пелистер има запишано 5 победи, Башкими триумфирал 4 пати (вклучувајќи ги и двата успеси оваа сезона), додека само еден дуел завршил нерешено.
Натпреварот помеѓу Пелистер и Башкими се игра денеска на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола со почеток во 16:30 часот.





