Денеска се одиграа седум натпревари од првата рунда во Купот на Македонија.
Во второлигашкото дерби, Новаци кој на домашен терен го совлада Охрид со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Јованчо Трајковски и тоа на само две минути пред крајот на мечот.
Најубедливата победа ја забележа Башкими кој на теренот во Петровец триумфираше над БВК Коњаре со 5:0. Гостите поведоа во 25. минута кога Бурим Алиев ја погоди сопствената мрежа. По една минута игра во второто полувреме Теодор Мирчевски зголеми на 2:0, а во 60-тата, Стефан Ристовски го постигна третиот гол за Башкими.
Во 69. минута Џуљан Капланај зголеми на 4:0, а конечниот резултат го постави Андри Стафа во 70. минута.

Скопје го елиминираше Кожуф, а стрелец на единствениот гол беше Виктор Ангелов во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме.
Еден гол и беше доволен на Каменица Саса за победа над Шкупи, а пласманот во следната рунда го донесе Драган Паунов со голот во 36. минута.

Брегалница Штип триумфираше над Тетекс со 4:1, кој реши да биде домаќин на теренот на противникот. Тетовци поведоа со голот на Никола Ристевски во 28. минута. Во 36-тата, Филип Алексовски израмни на 1:1, а Штипјани до предност стигнаа во 49. минута со голот на Натаниел Лоренцо. По десет минути игра во второто полувреме Мартин Јованоски ја погоди сопствената мрежа, а во 77-тата, Даријан Тасев го постави конечниот резултат.
Шкендија Арачиново славеше над Детонит Плачковица со 3:1. Шкендија поведе во 33. минута преку Дашмир Елези. Во 42. Марко Симоновски зголеми на 2:0, а во 54-тата Бранимир Иванов го постигна единствениот гол за екипата од Радовиш.
По еден час игра, Бесир Демири реализираше удар од 11 метри за триумд на Шкендија од 3:1.

Пласман во следната фаза обезбеди и Беласица по победата од 3:1 во дуелот со Осогово.
Екипата од Кочани поведе преку Даријан Трајчов во 40. минута. По две минути игра во второто полувреме Елмаз Емуш израмни на 1:1, а во 61-та Благој Стојанов го постигна водечкиот гол за Струмичани. Конечните 3:1 ги постави Рон Мемеди со голот во 88. минута.





