Работнички и Македонија ЃП со двоцифрени победи, елиминација на АП Брера во Охрид

Познати се шест екипи кои го продолжуваат настапот во Купот на Македонија.

Најголемото изненадување го направи второлигашот Охрид кој по подобро изведување на пенали ја елиминираше АП Брера. По 90 минути игра на стадионот Билјанини извори резултатот беше 1:1, а во серијата удари од 11 метри поуспешни беа домаќините.

Најубедливата победа ја забележа Работнички кој на гостувањето против Карбинци триумфираше со 16:0.

Дав гола помалку постигнаа фудбалерите на Македонија ЃП во соочувањето со Љуботен додека Силекс како гостин го совлада Евротип Онлајн со 7:1.

Детонит Плачковица забележа победа од 4:1 во дуелот со Башкими 2008, а во последниот натпревар од денешната програма штипска Брегалница ја елиминираше Победа од Валандово по триумфот од 6:0.

В среда од 16 часот ќе се одигра мечот Беласица – Арсими, а првата елиминациска рунда ќе се комплетира во текот на следниот месец.

На втори септември ќе се одигра мечот Шкендија Арачиново – Каменица Саса на трети на програмата се дуелите Пчиња – Новаци и Тетекс Пелистер.

На деветти септември прилепска Победа е домаќин на прволигашот Башкими додека следниот ден се играат натпреварите Скопје – Тиквеш, Кожуф – Шкупи и Јени Маале Спорт – Шкендија.

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16 ФИНАЛЕ

БАШКИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА                1:4

Аљбим Јашари 28 – Стефан Филиповски 19, Александар Смилков 26, Харун Лиманов 69, Славчо Јанев 90+3

КАРБИНЦИ – РАБОТНИЧКИ                                     0:16

Теодор Николовски 7, 63, Дамарио Далеи 18, 40, Бесир Демири 20, Јасмин Мециновиќ 22, Флоријан Кадриу 25, Џељиљ Асани 28, 61, Матеј Ангелов 43, Дашмир Елези 45, Јован Бошнаков 46, Лорент Жаку 66, 70, Дитмир Хоџа 82, 90

ЕВРОТИП ОНЛАЈН – СИЛЕКС                                   1:7

Антонио Марчевски 58 – Омар Беровиќ 4, Ади Алиќ 65, Миљан Говедарица 72, 74, Алдин Хрвановиќ 82, 84, 88

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА ШТИП                              0:6

Илија Мадевски 17 (аг), Хусеин Демири 21, Ристе Темелков 53, Давид Калпачки 67, Бранимир Иванов 79,  Даријан Тасев 81

ЉУБОТЕН – МАКЕДОНИЈА ЃП                                0:14

Симеон Христов 8, 35, 43, Али Адем 14, 84, Кире Марковски 27, 60, Мартин Џангаровски 28, Мухамед Елмас 31, Мартин Талаков 56, 70, Хозе Еступињан 63, Кире Ристевски 68, Мирсад Рамиќ 75

ОХРИД – АП БРЕРА                                                     1:1 (5:3 на пенали)

Иван Глигоров 74 – Марио Митев 3