Работнички продолжи победнички и против Силекс

Работнички ја продолжува пролетната серија победи откако денеска на Арената “Тодор Проески” го совлада Силекс со 2-0. Со овој триумф, тимот од Дебар Маало уште повеќе ги зголемува шансите во трката за опстанок.

Силекс е во лош ритам и тоа го покажа и на денешниот меч. Работнички се закани преку Талаков и Мухарем на стартот, а тоа беше најава за водечкиот погодок на Јован Попзлатанов.

Во 13.минута, Манојлов продре по левата страна, уфрли во шеснаесетникот, а Попзлатанов беше успешен реализатор за водство на Работнички од 1-0.

Силекс постигна погодок во 26.минута, но оправдано беше поништен поради офсајд позиција. Работнички стигна до втор погодок во 34.минута. Асистент беше Талаков, а повторно погоди Попзлатанов.

Во второто полувреме Силекс се обиде да возврати, обиди имаа Алиќ, Мирчевски и Додев, но без посериозен ефект.