Екипата на Тиквеш пролетва е сосема нов тим во споредба со она што во Кавадарци гледачите следеа текот на есенскиот дел.
Избраниците на Борче Христов во последните четири кола имаат максимален учинок веќесе во сосема друга ситуација отколку пред два месеци.
Денеска пред своите гледачи, кавадарчани беа супериорни во соочувањето со АП Брера и триумфираа со 5:1.
По само 10 минути игра, Мартин Стојанов го постигна еден од најубавите голови во досегашниот тек од сезоната. Со „ножички“ упати неодбранлив удар за домашно водство.
АП Брера за момент се врати во игра откако во 27. минута по асистенција на Антовски, Макиќ од непосредна близина израмни на 1:1.

Сепак, домашните до ново водство дојдоа со автоголот на Марко Стојилевски кој на вториот дирек во обид да расчисти лошо реагираше. Тоа се случи во 32. Минута, а само две минути подоцна Мартин Стојанов со соло пробив изби сам пред Диковски кој немаше шанса да ја спаси својата мрежа.
Во 41. минута на асистенција на Најдовски, на петерецот одлично реагира Данаил Тасев кој што денеска патем го одигра стотиот меч за Тиквеш, и веќе резултатот е 4:1.
По паузата никаква промена на теренот во Кавадарци. Тиквеш доминира. Стојанов асистира од десно за Гуел кој што реализира за 5:1.
Во 84. минута од мечот, Благој Стојчев ги постави конечните 6:1 на овој меч. Со ова Тиквеш стигна до 36. поени на табелата и петта позиција, додека пак Брера остана на досегашните 28. и засега седмо место.




