Македонската репрезентација до 18 години одигра 2:2 против своите врсници од Словачка на контролен натпревар во Дунајска Стреда. Нашите млади фудбалери одлично се спротивставија против домаќинот на натпреварот и со добра игра заслужено се изборија за позитивен резултат.
Словачка имаше добро отворање на натпреварот и поведе со 1:0 преку Филип Рајчан. Сепак, нашите млади фудбалери уште до полувремето успеаја да направат целосен пресврт, прво погодија по изведен прекин во 26. минута, со голот на Мустафи по центаршут на Талески, а потоа и со убав погодок од дистанца на Иљази во 44. минута.
Во вториот дел, Сејменов не искористи 100% прилика за 3:1, а казната следуваше во 56. минута кога Новак го израмни резултатот. Во 65. минута, голманот Трајков одбрани пенал за Словачка. Пред крајот имавме прилика за нова предност, но ударот на Рочи заврши во пречката од домашниот гол.
Словачка до 18 години:
23. Томаш Јаблоницки, 3. Роман Скалиќан, 4. Маеван Винсент, 5. Петер Пител, 7. Адам Лабо (66` 6 Алекс Жига), 10. Мартин Јенчуш, 11. Марош Новак (75` 9 Давид Полтак), 13. Вилијам Врабел, 15. Максим Матеаш (86` 16 Федор Касана), 18. Филип Рајчан (66` 17. Патрик Тејзер), 19. Марио Рабатин (46` 8. Мате Роланд Фехер); Селектор: Мартин Фабуш
Македонија до 18 години:
1. Александар Трајков, 3. Стефан Секирски, 4. Стефан Стаматоски, 5. Андреј Димовски, 6. Мухамед Мустафи, 7. Дамјан Буцевски (60` 18. Иво Марковски), 8. Габриел Талевски (60` 9. Лука Варошаноски), 9. Матеј Сејменов (66` 16. Флорент Османи), 10. Иван Танчев (75` 11 Мартин Горгиев), 13. Флори Илијази (75` 2 Албан Рочи), 20. Бојан Велков; Селектор: Димитар Капинковски
Двете репрезентации во четврток ќе го одиграат вториот тест натпревар.





