Во првиот контролен натпревар репрезентацијата на Македонија до 14 години ја совлада Малта со 3:2.
Серијата погодоци на мечот што се играше на терените на Тренинг центарот Петар Милошевски ја отворија гостите со голот на Шејлон Ланзон постигнат во 11. минута
Во 22-та минута Ангел Симоновски со прецизен удар од 16 метри израмни на 1:1, но само осум минути подоцна гостите повторно имаат предност и тоа со прекрасен гол постигнат со шут на Ланзин од дваесетина метри.
Во 66. минута Симоновски со погодок ја круниса одлична акција на македонската репрезентација и израмни на 2:2, а во 75-тата гол на Ненад Јовановиќ кој на составот предводен од Горан Георгиевски му донесе победа од 3:2.
Селекциите на Македонија и Малта до 14 години ќе одиграат уште еден натпревар кој е на програмата в понеделник, а почетокот е закажан за 14 часот и 30 минути и тоа на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски.





