Репрезентацијата до 15 години поразена на гостувањето против Албанија

Репрезентацијата на Македонија до 15 години во првиот од двата контролни дуели против селекцијата на Албанија е совладана со 4:1.

На натпреварот што се одигра во Корча, првата можност за погодок ја имаа нашите репрезентативци, кога во 12. минута по додавањето на Мустафа, Христов шутираше крај голот на Албанија.

Во 22. минута, домаќинот поведе со погодокот на Аљбон Ќорај.

Осум минути подоцна, Христов повторно имаше можност да се запише меѓу стрелците, но овој пат неговиот удар го одбрани голманот Валерио Аљај.

Во 40. минута, Албанија поведе со 2:0, а погодокот беше дело на Самуел Пренди.

По пет минути игра во второто полувреме Драган Петков го совлада противничкиот чувар на мрежата и ја намали предноста на домаќинот на 2:1.

Но, само седум минути подоцна Албанија го постигна третиот погодок, а стрелец беше Ќорај, кој забележа хет-трик откако во 60-тата и по трет пат ја затресе нашата мрежа за конечни 4:1.

До крајот на натпреварот Македонија имаше шанса за втор погодок, но по асистенцијата на Јован Јанчевски, ударот на Борјан Костовски го одбрани противничкиот голман.

Вториот контролен натпревар против Албанија, репрезентацијата ќе го одигра в среда на 24 јуни во Охрид, а почетокот е закажан за 11 часот и ќе се одигра на стадионот Билјанини извори.

 

МАКЕДОНИЈА: 1. Огнен Божиновски 2. Хамза Зубери ( 16.Јетмир Асани 46мин) 3. Ејман Емини (15.Филип Богоевски 61 мин) 4. Давор Танески (20.Васко Трајков 70мин) 5. Аријан Исаку (18. Санер Џемаили 86мин) 6. Калин Аврамоски (к) 7. Амар Незири (17. Драган Петков 46мин) 10. Јоан Ѓорѓиоски (9. Јован Јанчевски 61мин) 11. Доротеј Христов (23. Борјан Костовски 70мин) 14. Фисник Амити (8. Павел Димоски 61мин) 19. Мубин Мустафа (25. Вардар Омер Дорук 61мин.)