Во вториот контролен натпревар против Малта, селекцијата до 14 години одигра без победник откако двата тима во осумдесет минути постигнаа по три погодоци.
Избраниците на селекторот Горан Георгиевски поведоа уште во десетата минута, а стрелец на водечкиот гол беше Душан Петров.
Во 39. минута Петров повторно ја затресе мрежата на Малта овој пат по прецизно изведен удар од белата точка.

Во самата завршница од првото полувреме гостите успеаа да постигнат погодок и тоа преку Ноа Мускат.
По само две минути игра во второто полувреме Стефан Петковски зголеми на 3:1.

Селекторот Георгиевски во продолжението од натпреварот реши да им даде шанса на сите играчи што ги имаше на располагање, а тоа го искористија гостите кои ја преземаа инцијативата и на крајот успеаа да стигнат до израмнување.
Во 75. минута Алекс Замит намали на 3:2, а по само три минути истиот играч успеа повторно да се запише меѓу стрелците.
Малта можеше да дојде и до победа, но во неколку ситуациии одлично реагираше нашиот голман Огнен Божиновски кој со прекрасни интервенции ја спаси својата мрежа.

МАКЕДОНИЈА – МАЛТА 3:3 (3:1)
Терен на Тренинг центар Петар Милошевски
Стрелци: Душан Петров 10, 39, Стефан Петковски 42 – Ноа Мускат 40, Алекс Замит 75, 78
МАКЕДОНИЈА: 12. Огнен Божиновски, 3. Стефан Петковски (26. Виктор Грданоски 88), 4. Камин Арсовски (10. Габриел Фударски Митев 51), 5. Максим Мечкаровски (13. Стефан Дрндаровски 60), 6. Душан Петров (25. Виктор Дрогишки 75), 8. Амир Бафтијари (11. Афан Јонузи 30), 14. Стефан Ристов (20. Диар Мухарем Исаки 71) , 15. Ненад Јовановиќ (2. Дамјан Тодоровски 66), 17. Калин Каракаш (7. Леис Факиќ 46), 18. Адем Вукељ (9. Ангел Симоновски 40) (23. Џемал Алили 72), 21. Убеит Муадини (24. Омер Адемовиќ 55)






