Седница на Управен одбор на ФФМ | ФФМ

На седница на Управниот одбор на
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) оддржана на 25. февруари беа
донесени следните одлуки:

– Управниот одбор на ФФМ го усвои
дневниот ред за Редовното изборно Генерално Собрание на ФФМ кое ќе се оддржи на
15. март 2025 година во Скопје; 

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука
за започнување постапка за формирање на Арбитражен суд во рамки на Фудбалската
федерација на Македонија. Целта на Арбитражниот суд е да обезбеди ефикасно и
брзо решавање на споровите настанати помеѓу фудбалските чинители (клубови,
фудбалери, тренери…итн.); 

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука
за спроведување на целосна реформа на организациската структура на ФФМ, како и
да побара овластување од делегатите на претстојното Собрание за промена на
системот на натпреварување во сите категории; 

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука
да даде предлог на претстојното Собрание за отпочнување постапка за формирање
на трговско друштво со цел комерцијализација / физичка продажба на официјални
дресови, опрема и реквизити од Фудбалската федерација на Македонија; 

– У.О. на ФФМ ја
потврди одлуката за предвремено завршување на мандатот за
претседавање со РФС – Југозападен регион на ОФС Охрид, донесена од Управниот
одбор на Југозападниот регион и ја
потврди одлуката мандатот за претседавање со РФС – Југозападен регион да
премине на ОФС Битола.

Седиштето на
југозападниот регион е ОФС Битола.