Шкендија со голема победа против Лудогорец

Македонскиот шампион Шкендија направи важен чекор кон групната фаза на УЕФА Лига Европа со триумф над бугарскиот првак Лудогорец.
На Националната арена “Тодор Проески” во Скопје, Шкендија со 2:1 славеше против Лудогорец од Разград.

Тетовчани започнаа офанзивно, Љатифи во раната фаза ја имаше првата сериозна шанса по акција со Тамба, а малку подоцна и Цаке шутираше крај дирекот.
Сепак, гостите први поведоа преку Дуарте во 18. минута.

Радоста на Лудогорец траеше до 35. минута, кога Љатифи со прекрасен слободен удар од 25 метри израмни на 1:1.

Во вториот дел, по мирни воведни минути, најдобриот стрелец Бесарт Ибраими погоди во 60. минута за 2:1 и донесе голема радост. Лудогорец се закана преку Текепеј, но голманот Гаје беше сигурен, додека Тамба и Алхасан пропуштија добри шанси за трет гол на Шкендија.

Реваншот во Разград е закажан за следниот четврток, а Шкендија ќе се обиде да го повтори успехот на Вардар од 2017 година и да обезбеди место во групната фаза на Лига Европа.

Лига на Европа – плеј-оф (прв натпревар)

ШКЕНДИЈА – ЛУДОГОРЕЦ 2:1 (1:1)

ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Алхасан (90’ Мелиќи), Р. Рамадани, Тамба (90’ Мурати), Зејнулаи (72’ Красниќи), Љатифи (72’ Крстевски), Ибраими (85’ Ф. Рамадани).

ЛУДОГОРЕЦ: Падт, Сон, Нахимиас, Алмеида, Недјалков, Педро Нареси, Дуарте (66’ Чочев), Станиќ (66’ Калоч), Ерик Маркус (81’ Иванов), Биле (72’ Мачадо), Коуиар (66’ Текпетеи).