Шкендија брка „три од три“ во Кратово

Две победи од два натпревари во пролетниот дел има екипата на Шкендија. Добриот почеток на втората полуетапа од сезоната сега сака да го продолжи и со гостувањето во Кратово кај Силекс. Тетовскиот тим во овој дуел влегува после европскиот настап и дуелот против Самсунспор во Лигата на Конференции, па актуелниот првак и немаше многу време за подготовка.

Сепак, од таборот на Шкендија се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на победи во Првата македонска фудбалска лига, и дека ќе останат во игра за одбрана на титулата.

„Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, затоа што игравме тежок и исцрпувачки меч во Европа. Играме натпревари кои бараат многу енергија, но сега сме максимално фокусирани кон дуелот со Силекс. Сите сме подготвени за овој натпревар, и сакаме да дојдеме до позитивен резултат. Пролетниот дел од сезоната го започнавме многу добро, со две победи, и сакаме така да продолжиме. Екипата на Силекс е квалитетна, но ние одиме по победа“, рече фудбалерот на Шкендија, Александар Трумчи.