Шкупи го освои првиот бод оваа сезона откако ремизираше против Работнички (1:1) на дуелот што се одигра во Струга од деветтото коло во Првата МФЛ.
Се чини дека и тимот од Дебар Маало не е задоволен со еден бод, бидејќи во финишот имаше шанси да стигне и до целосен пресврт и триумф.
Шкупи поведе во 25.минута, со голот на Ерион Шуку. Луис Рибеиро се реши за удар откосо од левата страна, голманот Јакимов не реагираше најдобро, ја испушти топката, а на Ерион Шуку не му беше тешко да ја уфрли во мрежата.
До крајот на првиот дел, немаше посериозни шанси на двете страни.
Работнички тргна многу поофанзивно после паузата. Ермедин Адем се закани во 60.минута по еден корнер од десната страна, а искусниот играч за врска успеа да погоди за израмнување само една минута подоцна.
Димитар Трајков имаше шанса да донесе пресврт, но не успеа, а на спротивната страна Андреј Ричков сериозно се закани во 75.минута, но Јакимов одбрани со крајни напори.
Колосална можност за комплетен пресврт Работнички имаше во 89.минута. По слободен удар од десната страна, Трајков шутираше со глава, одбраната на Шкупи спаси на гол-линијата, потоа се обиде и Велиќ, а на крајот и Велкоски ја погоди гредата, но немаше втор погодок за тимот од Дебар Маало.





