Скопје и Шкендија Арачиново одиграа без победник во дерби мечот од Втора МФЛ

Во рамките на третото коло од Втора МФЛ  беа одиграни вкупно седум натпревари.

Во дербито на колото, во Автокоманда, домаќинот Скопје и Шкендија Арачиново одиграа супер интересен натпревар, кој заврши без победник, со резултат 2:2. Скопје имаше убава предност од 2:0, благодарение на головите на Виктор Ангелов и Александар Богданоски. За гостинот погодија Александар Ѓорѓиевски и Дани Мргим.

Беласица забележа убедлива победа на гостински терен, совладувајќи го Големо Коњари со 7:1. Бојан Спиркоски беше најдобриот играч на теренот, постигнувајќи три голови во мрежата на противникот. На два пати стрелаше Александар Коцев, а еднаш погоди Алелсандар Милушев, Афтогол постигна Михо Андреевски. Единствениот погодок за гостинската екипа го постигна Илчо Митревски.

Новица и Вардар Неготино одиграа супер интересен меч, во кој домаќинот оствари триумф со 3:2. Стефан Јовановски и Антонио Марцевски погодија домашните, а за неготинции стрелаа Шишков и Шабанов.

Резултати, 3 коло – Втора МФЛ.

Скопје – Шкендија Арачиново   2:2

Новаци – Вардар Неготино   3:2

ГФК Охрид – Осогово   2:0

Саса – Кожуф   1:3

Детонит Плачковица – Слога Виница   1:0

Преспа – Победа   5:0

Саса – Кожуф Гевгелија   1:3