Kombëtarja e futsallit pësoi humbje në transfertën ndaj Finlandës.

Во првиот настап од квалификациите за пласман на Светското првенство, футсал репрезентацијата на Македонија на гостувањето во Финска е совладана со 6:1.

Серијата голови ја отвори Ласе Линтула во третата минута. Само две минути подоцна Бојан Јанев израмни на 1:1, а во 15-тата Сергеј Корсунов им носи водство на Финците од 2:1.

Во 20. минута Матин Ахмади зголеми на 3:1 додека во 23-тата минута Алекси Пиритијоки беше стрелец на четвриот гол за домаќините.

Во 35-тата минута од натпреварот Анти Коивумаки постигна погодок за 5:1, а конечниот резултат го постави Линтула во 36. минута.

Во самата завршница од натпреварот Македонија имаше шанса да го постигне и вториот гол, но Јакуп Рамадан не успеа да реализира пенал.

Во второто коло Македонија е домаќин на Шпанија, а натпреварот е на програмата на осми декември.