В четврток три младински репрезентации на Македонија ќе одиграат меѓународни натпревари.
Во Скопје на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски од 11 часот, репрезентацијата до 15 години ја има втората контрола против селекцијата на Србија.
Првиот дуел што се одигра на 24 ноември им припадна на гостите кои славеа со 3:1.
Во Подгорица во истиот термин националниот тим до 16 години ќе се соочи со репрезентацијата на Црна Гора.
Во првиот меч кој исто така се одигра во вторникот, избраниците на селекторот Горан Станковски играа без голови.

За разлика од двете репрезентации во машка конкуренција, кои играат контролни натпревари, женската репрезентација до 19 години е дел од квалификациите за пласман на Европското првенство – Б лига.
Селекцијата предводена од Кирил Изов в четврток го игра првиот натпревар, противник ни е репрезентацијата на Црна Гора, а почетокот е закажан за 14 часот.
Мечевите се играат на терените на Спортскиот центар на ФС на Србија во Стара Пазова, а противник покрај домаќинот ни е репрезентацијата на Азербејџан.





