Shkëndija e Haraçinës do të pendohet për rastet e pashfrytëzuara, ndërsa Bregalnica fitoi një pikë në „Çair“

Шкендија Арачиново и Брегалница одиграа без голови на „Чаир“ во првиот натпревар од 15.коло од Првата фудбалска лига. Гостите можат да бидат задоволни со освоениот бод, а на арачиновци ќе им остане да жалат за своите можности што не ги искористија.

Во 15. минута, Дашмир Елези го погоди дирекот со удар од 20 метри, а одбиената топка стигна до Николче Шаркоски, кој шутираше за малку крај голот на Брегалница.

До крајот на првиот дел, имаше обиди од двете страни, но без посериозен ефект.  Шкендија Арачиново тргна офанзивно и во вториот дел. Марко Симоновски и Бесир Демири се заканија со удари од далечина, но не беа доволно прецизни.

Во 59.минута, Хаџи-Кимов за малку ќе си постигнеше автогол, но во последен момент спаси голманот Кевин Заов. Две минути подоцна, Бесир Демири упати уште еден силен удар, кој заврши за малку крај голот.

Следеа удари на Марко Симоновски и на Демири, но и тие останаа без конкретна реализација. Мечот на крајот заврши без голови и двете екипи поделија по еден бод.