Meliqi: Objektivi është i qartë, shkojmë për tri pikët në Shkup

Во рамките на 10-то коло екипата на Шкендија од Тетово гостува во Скопје. Дефанзивецот на „црвено-црните“, Анес Мелиќи, истакнува дека во тимот е потребна поголема самокритичност, признавајќи дека испуштените два бода во ремито (1-1) против Шкендија од Арачиново биле големо разочарување.

„Секако дека мораме да бидеме подлабоко самокритични бидејќи ги разочаравме навивачите против Шкендија од Арачиново. Домаќински кажано, моравме порано да го решиме мечот во наша полза со оглед на доминацијата и шансите што ги создадовме. Сепак, не треба да им се одземе заслугата и на противниците, кои наидоа со одлична игра. Но, ова е долг шампионат – мора да учиме од грешките и верувам дека брзо ќе ја поправиме играта во следните мечеви“, изјави Мелиќи за официјалната страница на тетовскиот клуб.

Македонскиот репрезентативец смета дека Шкендија мора бескомпромисно да оди на победа во секоја пресметка, без оглед на околностите.

„За наша среќа, паралелно со нашите киксови, грешеа и ривалите. Но, ние мораме да одиме натпревар по натпревар, да победуваме и да ја зголемуваме бодовната разлика. Направивме детална анализа и целта е само една – три бода! Не е важно дали до нив ќе стигнеме со убава игра, со градба на нападот од задната линија, дали на добар терен или во кал… Важен е само конечниот исход и победата“, дециден е Мелиќи.

Голем хендикеп за тетовските „црвено-црни“ ќе биде отсуството на Дрилон Ислами, кој заработи повреда на дуелот со Шкендија Арачиново и ќе биде надвор од терените одреден период.

Ова ќе биде 21. дуел меѓу Скопје и Шкендија Тетово. Билансот е значително во полза на тетовци – 16 победи за Шкендија и 4 ремиња.

Мечот  меѓу Скопје и Шкендија Тетово ќе се одигра на стадионот во населбата Автокоманда во Скопје, со почеток од 14:00 часот, каде главен арбитар на мечот ќе биде Стојанче Стојанов.