Стевковски: Со помош на верната публика до нов успех на Тиквеш

Денешната ПМФЛ програма која што го има дваесеттото издание сезонава вели дека во Кавадарци треба да се сретнат екипите на Тиквеш и Силекс. Дуел кој што стартува од 14:00 часот и кој што секако дека ќе го привлече вниманието на гледачите во овој град но и оние пред малите екрани.

Секако, меч во кој домаќинот Тиквеш ќе сака да ја продолжи серијата на добри игри пролетва, онаа која што најави подобри денови за кавадарчани годинава и мирен од во шампионатот, и секако Силекс екипа која што и тоа како ги покажува европските амбиции од меч во меч.

„Mислам дека и двете сe добри екипи и дека ќе биде изедначена борба и нијанси ќе го одлучат овој дуел

Домашниот терен и убавата атмосфера секако дека треба да бидат наша предност и ќе ни помогне во остварувањето на позитивен резултат.

Иако Силекс е една од поквалитетните екипи во нашето првенство мислам дека на денешниот дуел нема да биде лесно да земат бодови во Кавадарци. Особено доколку и ние бидеме на . Сконцентрирани деведесет минути и ги исполниме задачите зададени од нашиот  тренер и ги искористиме шансите кои ќе ни се укажат. Имаме квалитет на секоја позиција , добра екипа и добра атмосфера и тоа го покажуваме константно. Убеден сум дека секој нареден натпревар ќе бидеме се подобри и подобри“ – вели голманот на Тиквеш, Христијан Стевковски.