Авдули: Целта ни се трите бода против Македонија Ѓ.П

Во натпревар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига, Арсими во Гостивар е домаќин на Македонија ЃП. Арсими по победата во соочувањето со Шкупи очекува освојување на нови три бода и тоа во дуел со противник кој е директен конкурент во трката опстанок во елитата.

Во пресрет на натпреварот фудбалерот на гостиварци, Џезаир Авдули, истакна дека по убедливата победа од 3:0 против Шкупи,  атмосферата во екипата е на високо ниво.

“По оваа важна победа, атмосферата во тимот е многу позитивна, а мотивацијата е на највисоко ниво. Работевме добро во текот на целата недела, со максимална концентрација и дисциплина, бидејќи знаеме дека не очекува квалитетен противник”, изјави Авдули.

Тој додаде дека фокусот сега е целосно насочен кон следниот предизвик.

“Нашиот фокус е целосно на претстојниот натпревар. Сакаме да ја продолжиме позитивната серија, да покажеме карактер и да го дадеме максимумот на теренот. Целта ни е јасна, да ги освоиме трите бода и да продолжиме по патот кон целите што ги имаме поставено како екипа. Со посветеност, заедништво и поддршката од нашите навивачи, верувам дека можеме да го оствариме посакуваниот резултат”, заклучи Авдули.

Натпреварот Арсими- Македонија Ѓ.П  ќе се одигра денес со почеток во 14 часот  на градскиот стадион во Гостивар